Студиска програма Менаџмент и бизнис

Четиригодишни студии
Име на студиската програма: Менаџмент и бизнис
Факултет: Факултет за економија и организација на претприемништво
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 40
Вкупно ЕКТС: 240
Стручен назив: дипломиран економист (насока: Менаџмент и бизнис)
Годишна школарина: 1530 евра
Менаџмент и бизнис е нова студиска програма на Факултетот за економија и организација на претприемништво, која доаѓа како наследник на студиската програма со најмногу запишани студенти – Менаџмент и претприемништво. Студиите се со времетраење од четири години, односно осум семестри.
На студиската програма Менаџмент и бизнис како студенти ќе бидете запознаени со основите на менаџментот, бизнис стратегиите, психологијата на бизнис, менаџментот со човечки ресурси, но ќе изучувате и предмети од економијата кои ќе ви бидат значајни за менаџирањето на компаниите или организациите каде ќе работите во иднина.
 
                Додипломски студии
Предметите од оваа студиска програма ќе ви дадат јасна слика за менаџерските функции, улоги, одлуки и вештини. Детално ќе ги проучите сите менаџерски функции – планирање, организирање, раководење и контролирање. Ќе се посвети внимание на решавањето на проблеми и донесување одлуки, справување со организациски конфликти и управување во кризни ситуации. Преку вежби, како идни менаџери ќе бидете запознаени со повеќе начини на тимска работа и воспоставување и одржување на комуникацијата и соработка со експерти од разни области.
Во рамките на четиригодишните студии се опфатени 40 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од можните четири изборни предмети, студентите избираат само еден.
Откако ќе дипломирате ќе се стекнете со стручен назив дипломиран економист и диплома што отвора широк спектар на можности за вработување и градење на успешна кариера.
Програма четиригодишни студии
1 семестар
- 
							МикроекономијаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Математика за бизнисЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							МенаџментЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Основи на сметководствоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Англиски јазик 1Задолжителен6 ЕКТС 
2 семестар
- 
							МакроекономијаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Статистика за бизнисЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Англиски јазик 2Задолжителен6 ЕКТС 
- 
							Трговско правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Деловна етикаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Вовед во бизнисИзборен6 ЕКТС 
- 
							Менаџерска економијаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Информациски технологии во бизнисотИзборен6 ЕКТС 
3 семестар
- 
							Основи на маркетингЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							ПретприемништвоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Монетарна економијаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Јавни финансииЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Финансиско сметководствоЗадолжителен6 ЕКТС 
4 семестар
- 
							Финансиски менаџментЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Организациско однесувањеЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Маркетинг политика на цениЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Деловно комуницирањеЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Психологија на бизнисИзборен6 ЕКТС 
- 
							Осигурување и ризикИзборен6 ЕКТС 
- 
							Применета економијаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Управување со производИзборен6 ЕКТС 
5 семестар
- 
							Менаџмент на човечки ресурсиЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Управување со проектиЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Деловно планирањеЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Меѓународен менаџментЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							БанкарствоЗадолжителен6 ЕКТС 
6 семестар
- 
							Стратегиски менаџментЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Оперативен менаџментЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Управување со ризициЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Стратегиски маркетингЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Анализа на финансиски извештаиИзборен6 ЕКТС 
- 
							Банкарски менаџментИзборен6 ЕКТС 
- 
							Иновативност и креативност во бизнисотИзборен6 ЕКТС 
- 
							Економски теорииИзборен6 ЕКТС 
7 семестар
- 
							Интегрирани маркетинг комуникацииЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Инвестиционен менаџментЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Сметководство на деловен менаџментЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Е-бизнисЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Бизнис логистикаЗадолжителен6 ЕКТС 
8 семестар
- 
							Кризен менаџмeнтЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Менаџмент на промениЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Менаџмент на мал бизнисЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Меѓународни економски односиИзборен6 ЕКТС 
- 
							Контрола и ревизијаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Меѓународна трговијаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Економија на јавен секторИзборен6 ЕКТС 
- 
							Дипломска работаЗадолжителен6 ЕКТС 
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од сите 4 години;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- Копија од државјанство;
- 4 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.
Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.


