Известување за неработни денови – Денот на трудот – 1. мај 2024 год.
30 април 2024Професори од МСУ на меѓународна научна конференција во Белград, Србија
21 мај 2024Во рамките на Еразмус+ програмата Меѓународен Славјански Универзитет е домаќин на професор од Турција, д-р Елиф Чимшир од Анадолу Универзитет [25. Април].
Нeјзината посета беше исполнета со повеќе активности преку кои таа сподели знаења и искуства со нашите студенти и наставен кадар. Во рамки на посетата таа оствари средба со вработените од Канцеларијата за меѓународни односи.
Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да гради мостови помеѓу различните култури и да нуди нови можности за учење и напредок на своите студенти и персонал. Ние веруваме дека меѓународната соработка и размената на идеи се од суштинско значење за академскиот развој. И благодариме на нашата гостинка за нејзиниот придонес и се надеваме на уште многу успешни соработки во иднина.