Од 2019 година на МСУ започнаа првите студентски размени преку Еразмус+ програмата. Преку Еразмус+ студенти на МСУ поминаа по еден семестар студирајќи на разни универзитети низ Европа. Овој семестар беше специфичен бидејќи корона вирусот ги затвори сите универзитети, но сепак преку онлајн настава на нашите студенти им беше овозможено да ги завршат студентските размени.
За да дознаете што значи студентска размена преку Еразмус+ и како изгледаат студиите во време на корона, ви го споделуваме искуството на нашата студентка Емилија Ристевска, студентка на Факултетот за психологија во четврта година.
„Пред се’ сакам да се заблагодарам на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” што ми овозможи да бидам дел од Еразмус+ програмата. Големо Благодарам до координаторката Јасмина Пресилска која што неизмерно ме мотивираше и поддржуваше во целиот процес. Големо Благодарам и до координаторката Михаела Ѓорчева која ми ги доставуваше сите потребни информации за Еразмус+ програмата.“
„Јас бев на размена на студии во четврта година, пет месеци во Нови Сад, Србија во Универзитетот во Нови Сад, на отсекот за психологија. Факултетот е многу добро организиран, секој ден посетував предавања и двапати неделно практични вежби во склоп на факултетот и клиничка болница за психијатрија.“
„Поради новонастанатата ситуација со корона вирусот имав оналјан предавања, активности и дискусии, со цел да се заменат практичните вежби, кои беа супер спроведени. Но, тоа не ме спречи да ги остварам моите желби и очекувања.
Како апсолвент, го надоградив моето досегашно знаење преку ова искуство.
Голема Благодарност и до Канцеларијата за меѓународна соработка во Нови Сад, која што несебично ми помагаше во текот на целиот мој престој во Србија. Голема Благодарност и до мојата другар – координатор Ања Божович од Нови Сад.“
„Нови Сад е град со преубава архитектура, каде што културата е на високо ниво, во кој може да се посетат многу знаменитости, градби, тврдината Петроварадин, Дунав како и познатата катедрала.“
„Еразмус+ програмата ми овозможи да се запознаам со многу нови работи, како е да се живее и студира далеку од дома, стекнување на нови знаења и запознавање на нови луѓе, воведување на нова етапа од животот.
Нови Сад ми остави многу голем впечаток, и сигурно дека повторно би се вратила! Многу сум задоволна од целата програма и престој во Србија, навистина ова ми беше прекрасно искуство, среќна сум поради тоа!
Еразмус+ програмата е одлична и топло ја препорачувам на секој студент!“
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |