Еразмус+ искуство во Нови Сад на нашата студентка Емилија Ристевска

Ваучери за обуки за дигитални вештини до 30.000 денари во Семос за студентите на МСУ
28 јули 2020
Еразмус+ искуство во Ниш на нашите студентки Камелија и Наталија
10 август 2020

Еразмус+ искуство во Нови Сад на нашата студентка Емилија Ристевска

Од 2019 година на МСУ започнаа првите студентски размени преку Еразмус+ програмата. Преку Еразмус+ студенти на МСУ поминаа по еден семестар студирајќи на разни универзитети низ Европа. Овој семестар беше специфичен бидејќи корона вирусот ги затвори сите универзитети, но сепак преку онлајн настава на нашите студенти им беше овозможено да ги завршат студентските размени.

За да дознаете што значи студентска размена преку Еразмус+ и како изгледаат студиите во време на корона, ви го споделуваме искуството на нашата студентка Емилија Ристевска, студентка на Факултетот за психологија во четврта година.



„Пред се’ сакам да се заблагодарам на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” што ми овозможи да бидам дел од Еразмус+ програмата. Големо Благодарам до координаторката Јасмина Пресилска која што неизмерно ме мотивираше и поддржуваше во целиот процес. Големо Благодарам и до координаторката Михаела Ѓорчева која ми ги доставуваше сите потребни информации за Еразмус+ програмата.“



„Јас бев на размена на студии во четврта година, пет месеци во Нови Сад, Србија во Универзитетот во Нови Сад, на отсекот за психологија. Факултетот е многу добро организиран,  секој ден посетував предавања и двапати неделно практични вежби во склоп на факултетот и клиничка болница за психијатрија.“


Корона вирусот и Еразмус+


„Поради новонастанатата ситуација со корона вирусот имав оналјан предавања, активности и дискусии, со цел да се заменат практичните вежби, кои беа супер спроведени. Но, тоа не ме спречи да ги остварам моите желби и очекувања.

Како апсолвент, го надоградив моето досегашно знаење преку ова искуство.

Голема Благодарност и до Канцеларијата за меѓународна соработка во Нови Сад, која што несебично ми помагаше во текот на целиот мој престој во Србија. Голема Благодарност и до мојата другар – координатор Ања Божович од Нови Сад.“



Нови Сад и Еразмус+


„Нови Сад е град со преубава архитектура, каде што културата е на високо ниво, во кој може да се посетат многу знаменитости, градби, тврдината Петроварадин, Дунав како и познатата катедрала.“


 


„Еразмус+ програмата ми овозможи да се запознаам со многу нови работи, како е да се живее и студира далеку од дома, стекнување на нови знаења и запознавање на нови луѓе, воведување на нова етапа од животот.

Нови Сад ми остави многу голем впечаток, и сигурно дека повторно би се вратила! Многу сум задоволна од целата програма и престој во Србија, навистина ова ми беше прекрасно искуство, среќна сум поради тоа!

Еразмус+ програмата е одлична и топло ја препорачувам на секој студент!“