На свеченост во Националната опера и балет по повод Денот на ослободувањето на Скопје, Град Скопје на 13 ноември ја додели наградата „13 Ноември“ за 2022 година.
На предлог на проф. д-р Ленче Петреска, ректорката на Меѓународен Славјански Универзитет, Град Скопје му додели награда за 2022 година за постигнувања во образованието на проф. д-р Ристо Малчески, пензиониран професор на МСУ. Проф. д-р Ристо Малчески ја доби наградата за покренување на онлајн платформата matematickitalent.mk зa време на пандемијата како поддршка за учениците во основното и за средното образование.
Целиот тим на Меѓународен Славјански Универзитет му честита на нашиот професор и му посакува нови достигнувања и уште поголеми успеси во иднина.