Денови на психологијата (06-07 мај) – настан создаден за да можете да видите и научите повеќе за оваа наука, да видите и научите како изгледаат предавањата и практичните работилници на психолозите и одлична прилика за збогатување на домашните библиотеки со квалитетна литература.
Денес студентите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и останати вљубеници во психологијата имаа можност да го посетат овој настан кој преставува циклус предавања и работилници од различни области во психологијата.
Настанот продолжува и утре (сабота) и е отворен за сите заинтересирани студенти и граѓани.