Студенти од Факултетот за правни науки во посета на Основен суд Свети Николе
25 октомври 2022Проректорот за меѓународна соработка, проф. д-р Васко Стамевски учествуваше на Безбедносен форум во Загреб, Хрватска
26 октомври 2022На 21 октомври 2022 година делегацијата од Меѓународен Славјански Универзитет составена од претседателот на Управен одбор на МСУ, проф. д-р Јордан Ѓорчев, д-р Милена Спасовска од Факултетот за психологија при МСУ и Викторија Велкова од Канцеларијата за меѓународни односи продолжи со работните состаноци во Ташкент, Узбекистан.
Делегацијата на МСУ го посети ИТ Парк, комплекс од објекти, згради и структури дизајнирани да обезбедат стартување, пристап до пазарот и екстериторијална слободна економска зона за ИТ компаниите, вклучувајќи и интеграција со научни и образовни организации. Исто така беше остварена средба со Гапаров Исфандијорбек, раководителот на одделот за меѓународни соработки при Стопанската и индустриската комора на Узбекистан.