Нашите девојки од ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет продолжуваат со победничките игри во плеј-аутот во Женската лига.
На 07.04.2022 година (четврток) на домашен терен ја совладаа екипата на ЖРК Гевгелија. Крајниот резултат беше 29:22. Со оваа победа нашите девојки го задржаа првото место на плеј-аут табелата со 20 бода.