По повод Светскиот ден на филозофијата на 19.11.2015 година во Свечената сала на Филозофскиот факултет на УКИМ се одржа свечена програма на која беа доделени благодарници и почесни титули на Филозофското друштво, на која присуствуваа Претседателот на УО и Ректорот на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола.
На свеченоста за почесен член беше прогласен Претседателот на УО на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола, д-р Јордан Ѓорчев.