
Одржан состанок на Советот на Фестивалот „Јаков од Камена Река“ во пресрет на петтото издание
26 ноември 2026По официјалното отворање на Еразмус+ комбинираната интензивна програма на тема „Вештачка интелигенција, сајбер-безбедност и дигитални права: правни, економски, психолошки и технолошки перспективи“, активностите продолжија со тематски предавања, интерактивни дискусии и студиски посети низ Скопје, Битола и Охрид.
Учесниците ги продлабочија своите знаења во областа на вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста, човековото однесување во дигиталната ера и дигиталната економија.
Студиските посети овозможија запознавање со македонското културно и историско наследство, а престојот во Претор претставуваше заокружување на целокупното академско и интеркултурно искуство.

Завршните активности опфатија меѓународен сајбер-предизвик, работа во меѓународни тимови и презентација на практични решенија за справување со кризни ситуации поврзани со вештачката интелигенција и сајбер-безбедноста.
Петдневната програма беше исполнета со нови знаења, размена на искуства, меѓународни пријателства и можности за понатамошна академска соработка.
На 27 ноември 2026 година, со официјалното затворање на програмата, учесниците се здобија со сертификати за успешно завршена комбинирана интензивна програма.
Со успешната реализација на оваа програма, Меѓународниот Славјански Универзитет уште еднаш ја потврди својата посветеност на интернационализацијата на високото образование, поттикнувањето на академската мобилност и градењето трајни меѓународни партнерства.






