
Изведба на „Тепихот на Биг Лебовски“ во Свети Николе
26 ноември 2026Во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе, се одржа состанок на членовите на Советот на Фестивалот „Јаков од Камена Река“, посветен на подготовките и претстојните активности за неговото петто, јубилејно издание.
На состанокот беа разгледани програмските и организациските активности, а по повод петгодишниот јубилеј беше донесена одлука за подготовка на публикација која ќе ги опфати досегашните изданија, реализираните активности и достигнувањата на фестивалот.
По предлог на членовите на Советот, беа избрани и добитниците на награди од повеќе области, кои ќе бидат доделени на свечената академија предвидена за мај 2027 година.

Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ се одржува во Македонска Каменица, во чест на првиот македонски печатар Јаков од Камена Река, кој во 1566 година во Венеција ја отпечатил книгата „Часослов“. Основната мисија на фестивалот е афирмација на македонскиот јазик, кириличното писмо, националниот идентитет, културата, науката, образованието и традицијата.
Преку доделување признанија, литературни и уметнички активности, како и традиционалниот конкурс за најубав кириличен испис со краснопис на македонски јазик, фестивалот ги промовира домашните автори, научници, уметници и поединци кои со својата работа придонесуваат за афирмација на Македонија во земјата и во светот.
Претстојното петто издание претставува значаен чекор во продолжувањето на мисијата на фестивалот, негувањето на македонското културно наследство и препознавањето на современите достигнувања во различни области на општественото живеење.





