
Работилница „Маркетинг во современото банкарско работење – теорија VS пракса: UniQ“
4 ноември 2026
Стручно предавање за безбедност и здравје при работа во кампус Битола
4 ноември 2026Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управен одбор при Меѓународен Славјански Универзитет, учествуваше со свое обраќање на меѓународниот „Ереван форум 2026 – Ерменија–Европа: образование, знаење и иновации“, одржан на 3 ноември 2026 година во Ереван, Ерменија.
Форумот беше посветен на 25-годишнината од основањето на Европскиот универзитет на Ерменија. На настанот присуствуваа проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на МСУ и Иван Спасев, член на Управен одбор.
Форумот беше посветен на 25-годишнината од основањето на Европскиот универзитет на Ерменија. На настанот присуствуваа проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на МСУ и Иван Спасев, член на Управен одбор.

Програмата на форумот опфати четири панел дискусии со вкупно 25 панелисти, посветени на иднината на високото образование, менаџментот и општествените науки, информатичко-комуникациските технологии, како и правото и хуманистичките науки.
Ѓорчева се обрати на тема „Улогата на универзитетите во промовирањето на етичката употреба на вештачката интелигенција за одржливо општество“, во рамки на панелот „Образование, етика и европска интеграција“. Панелот обедини седум говорници од институции во пет земји: Македонија, Ерменија, Шпанија, Италија и Грција.


Темата на нејзиното обраќање ја постави во фокус одговорноста на универзитетите во примената на вештачката интелигенција и развојот на знаења и вештини за нејзино етичко користење. Панел-дискусијата отвори прашања за академскиот интегритет, критичкото размислување и човечката одговорност во образованието, како и за улогата на меѓународната соработка во справувањето со овие предизвици.
Со учеството на форумот, Меѓународен Славјански Универзитет се вклучи во меѓународната академска дискусија за иднината на високото образование и одговорната примена на новите технологии.






