
Покана за онлајн форум: Психологијата во образованието во центарот на учењето и развојот
8 октомври 2026Денес, 9 октомври, проф. д-р Слаѓана Анѓелкоска, декан на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет, одржа работилница по повод Светскиот ден на менталното здравје, кој се одбележува на 10 октомври. Темата на работилницата беше: “Ментално здравје на студентот – како да се грижам за себе додека градам иднина?”
Работилницата беше посветена на важноста на менталното здравје и грижата за психолошката благосостојба, со акцент на отворениот разговор, меѓусебното разбирање и поддршката.
Преку ваквите активности, Факултетот за психологија придонесува за подигнување на свеста и намалување на стигмата поврзана со менталното здравје, поттикнувајќи средина во која секој може да побара помош и да биде прифатен со разбирање.
Одбележувањето на овој ден нè потсетува дека менталното здравје заслужува внимание секој ден, а грижата за себе и поддршката за другите се важен дел од нашето секојдневие.











