
Михаела Ѓорчева од МСУ со говор на Глобалниот образовен самит во Индија: етичка употреба на вештачката интелигенција за одржливо општество
7 октомври 2026Проректорката за меѓународна соработка и развој при Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Марија Гроздановска Миловска, се обрати пред меѓународната академска публика на Global Education Summit 2026, кој се одржува од 5 до 9 октомври на Универзитетот Чандигар во Индија.
Во обраќањето ѝ се придружи генералниот секретар на МСУ, доц. д-р Мартин Ѓорѓиев. Тие ги споделија своите ставови за одговорната употреба на вештачката интелигенција и нејзината улога во остварувањето на Целите за одржлив развој (SDGs), со посебен осврт на придонесот на високото образование.
Во фокусот на обраќањето беше потребата образованието да ги следи дигиталните промени, истовремено поставувајќи ги човекот, етиката и општествената одговорност во центарот на технолошкиот напредок. Беше нагласено дека примената на вештачката интелигенција треба да придонесува кон поквалитетно и подостапно образование, како и кон одговорно справување со современите општествени предизвици.
Global Education Summit претставува можност за размена на искуства и идеи меѓу академски лидери од различни земји, како и за зајакнување на меѓународната универзитетска соработка.
Со учеството на своите претставници, Меѓународен Славјански Универзитет придонесува кон глобалната дискусија за улогата на високото образование во создавањето поинклузивна, поодговорна и одржлива иднина.








