
Конкурс за мобилност на студенти во рамки на програмата Еразмус+ 2026/2027 – летен семестар
29 август 2026
Потпишан меморандум за соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип
3 септември 2026Делегација на Меѓународниот Славјански Универзитет учествува на AI & Tech Summit 2026, кој се одржува на 3 и 4 септември 2026 година на партнерскиот универзитет AAB College во Приштина, Косово.
Делегацијата на МСУ ја предводи проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот одбор, заедно со проф. д-р Мевлудин Мустафи, проф. д-р Марија Гроздановска, проректор за меѓународна соработка и развој, и доц. д-р Мартин Ѓорѓиев, генерален секретар.
Самитот беше свечено отворен со обраќања на Албин Курти, премиер на Република Косово, и Хајрула Чеку, министер за образование, наука и технологија. Пред присутните се обрати и проф. д-р Блерим Олури, ректор на AAB College.
Во рамките на посетата, претставниците на МСУ остварија средба со проф. д-р Венера Љуњи, проректор за меѓународни односи на AAB College. На средбата беа разгледани можностите за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двата универзитети преку академска размена, иновации и реализација на заеднички иницијативи.
Меѓу истакнатите говорници на самитот е и Рудолф Шарпинг, поранешен сојузен министер за одбрана на Германија, кој одржа предавање на тема „Вештачката интелигенција и геополитиката: можности и ризици“.
AI & Tech Summit 2026 обединува претставници од академската заедница, владините институции, индустријата и технолошкиот сектор. Во фокусот на настанот се вештачката интелигенција, дигиталната трансформација, сајбер-безбедноста и развојот на новите технологии.
Учеството на овој значаен меѓународен настан претставува уште една можност Меѓународниот Славјански Универзитет и AAB College да ја зајакнат меѓуинституционалната соработка и да отворат нови перспективи за академска размена, иновации и заеднички проекти.







