
Делегација на МСУ учествува на AI & Tech Summit 2026 во Приштина
3 септември 2026Меѓународен Славјански Универзитет и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип потпишаа меморандум за соработка со кој се предвидуваат можности за студентска пракса, размена на знаења и реализација на заеднички активности. Меморандумот го потпишаа в.д. директорот на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, Бранко Ѓоргиев, и доц. д-р Мартин Ѓорѓиев, раководител на Центарот за кариера и генерален секретар на Меѓународен Славјански Универзитет.
Во рамки на соработката, студентите ќе имаат можност да реализираат студентска пракса во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, каде што ќе можат да стекнат практични знаења и искуства и непосредно да се запознаат со работата на јавноздравствената установа.
Меморандумот предвидува и размена на знаења и идеи, реализација на заеднички проекти и стручни предавања, како и активности поврзани со унапредување на студентските програми. Предвидена е и можност за идно професионално ангажирање на млади кадри, согласно потребите на установата.
Со потпишувањето на меморандумот се воспоставува рамка за понатамошна соработка меѓу Меѓународен Славјански Универзитет и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип.





