
Претставници на МСУ на Годишната конференција на Академијата за менаџмент во Филаделфија
1 август 2026
На МСУ знаењето станува практика!
4 август 2026Меѓународниот Славјански Универзитет учествуваше на меѓународните саеми за високо образование, одржани на 30 јули во Бурса и на 1 и 2 август во Истанбул, во организација на „Терџих Фуарџилик“, во соработка со „ЕМ Консалтинг“.
На саемите учествуваа бројни државни и приватни универзитети од Европа и од светот, а илјадници матуранти, потенцијални студенти и членови на нивните семејства имаа можност непосредно да се запознаат со студиските програми, условите за упис и можностите за студирање што ги нудат високообразовните институции.
Меѓународниот Славјански Универзитет беше претставуван од генералниот секретар, доц. д-р Мартин Ѓорѓиев, кој оствари бројни средби и разговори со идни студенти, родители и претставници на високообразовни институции.
За време на саемот во Истанбул, генералниот секретар оствари средба со ректорот на Универзитетот „Истанбул Румели“, проф. д-р Мустафа Кара, како и со проректорот, проф. д-р Ајше Јигит Шакар. На средбата беа разменети мислења за можностите за воспоставување и унапредување на академската соработка меѓу двете високообразовни институции.
Во текот на саемите беше забележан значителен интерес за студиските програми на Меѓународниот Славјански Универзитет. Посетителите особено се интересираа за индивидуалниот пристап кон студентите, менторскиот систем, практичната настава, како и за можностите за меѓународна академска соработка и мобилност.
Овие можности претставуваат едни од главните предности на МСУ и им овозможуваат на студентите да стекнат квалитетно образование, практични знаења и меѓународно искуство во текот на студирањето.
Со учеството на меѓународните саеми во Бурса и Истанбул, МСУ продолжува активно да ги промовира своите студиски програми, да воспоставува нови академски контакти и да ги зајакнува својата меѓународна препознатливост и соработка.











