
Ректорот проф. д-р Васко Стамевски, во Атина: доделена титулата Professor Honoris Causa
27 јули 2026
Претставнички од Istanbul Vocational School of Health and Social Sciences на Еразмус+ мобилност во МСУ
31 јули 2026На 29 јули 2026 година, Меѓународниот Славјански Универзитет, преку Центарот за перманентно образование, потпиша Договор за деловно-техничка соработка со компанијата „OneDrone Balkan“ ДОО – овластен партнер на „OneDrone“ од Словенија и Хрватска.
Договорот беше потпишан од проф. д-р Јордан Ѓорчев, раководител на Центарот за перманентно образование при Меѓународниот Славјански Универзитет, и Дејан Гавриловски, овластен претставник на „OneDrone Balkan“ ДОО.
Со договорот се воспоставува долгорочна академска, деловна и стручна соработка, чија главна цел е имплементација на програмите на OneDrone Academy за обука на пилоти на беспилотни летала – дронови, во рамките на Центарот за перманентно образование при МСУ.

Во рамките на соработката, МСУ ќе обезбеди соодветни простории и технички услови за реализација на теоретската настава и испитите, како и административна поддршка, евиденција на кандидатите и промоција на академијата преку своите комуникациски канали.
„OneDrone Balkan“ ќе обезбеди целосна наставна програма, стручен и сертифициран предавачки кадар, инструктори и ментори, како и беспилотни летала, софтверски алатки и симулатори потребни за практичниот дел од обуката. Воедно, компанијата ќе биде задолжена за организација и спроведување на теоретските и практичните испити за кандидатите.
Со воспоставувањето на OneDrone Academy при МСУ, заинтересираните лица ќе добијат можност да стекнат современи теоретски и практични знаења и вештини за управување со беспилотни летала, според утврдени професионални стандарди и методологии.
Оваа соработка претставува уште еден значаен чекор во проширувањето на понудата на Центарот за перманентно образование и во создавањето нови можности за стручно усовршување во области што се развиваат забрзано и имаат сè поголема примена во современото општество.





