
17-ти традиционален Крос натпревар на Противпожарниот сојуз на Град Скопје собра стотици млади учесници покрај Вардар
19 мај 2026
Свечено врачување на дипломите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола
20 мај 2026Меѓународен Славјански Универзитет продолжува активно да создава можности за меѓународна соработка, мобилност и развој на современи компетенции кај студентите преку учество во Erasmus+ програмите. Во рамки на овие активности, се отвора можност за учество на студенти од МСУ во Blended Intensive Program (BIP) посветена на темата „21st Century Skills and Inclusive Education“, организирана од Aksaray University, Турција.
Програмата комбинира виртуелна и физичка мобилност и е насочена кон развој на вештини поврзани со критичко размислување, комуникација, дигитална писменост, креативност, инклузивно образование, решавање проблеми и ефективна соработка во современи образовни средини. Во рамки на програмата студентите ќе учествуваат на онлајн предавања, интерактивни работилници, практични активности, културни посети и групна работа со студенти од повеќе држави.
За програмата студентите ќе добијат финансиски средства согласно правилата на Erasmus+ програмата, со кои ќе можат да ги покријат трошоците за учество и престој.
Основни информации:
- Физичка мобилност: 15.06.2026 – 19.06.2026
- Виртуелна мобилност (онлајн предавања): 01.06.2026 – 05.06.2026
- Локација: Универзитетот Аксарај, Република Турција.

Колку учесници се потребни?
Потребни се вкупно 5 студенти.
До кога е пријавувањето?
Можете да се пријавите најдоцна до 25 мај 2026 година. По пријавувањето ќе бидете контактирани од нашите служби за повеќе детали.
Критериуми
- Да сте редовен студент на Меѓународен Славјански Универзитет
- Валиден пасош
- Солидно познавање на англиски јазик
- Подготвеност за активно учество во виртуелните и физичките активности
Аплицирање
Заинтересираните студенти можат да аплицираат со испраќање на следните документи на: erasmus@msu.edu.mk.
- Биографија (CV)
- Потврда за редовен студент
- Мотивациско писмо (Motivational Letter)
- Препорака од професор (Recommendation Letter) – не е задолжителна, но носи дополнителни бодови при селекцијата
- Копии од стекнати сертификати, награди и пофалници – не е задолжителна, но носи дополнителни бодови при селекцијата
- Доказ за познавање странски јазик – не е задолжителен, но носи дополнителни бодови при селекцијата
Рок за аплицирање
Рокот за аплицирање е до 25.05.2026 година.
По завршувањето на рокот за аплицирање, кандидатите ќе бидат контактирани од страна на универзитетските служби за понатамошната постапка и потребната документација. Селекцијата на кандидатите ќе биде во согласност со правилата и критериумите на Erasmus+ програмата.
За дополнителни информации можете да се обратите на:
📧 erasmus@msu.edu.mk
📞 +389 70 308 557
Напомена:
Предност при селекцијата ќе имаат студентите кои досега не учествувале во Erasmus+ мобилности и активности.



