
Меѓународен Славјански Универзитет и ФНССМОН потпишаа договор за соработка
5 мај 2026Студентите од II година од Факултетот за психологија на Меѓународниот Славјански Универзитет, под менторство на проф. д-р Горица Поповска Налевска, реализираа едукативна и стручно-практична посета на ОУ со ресурсен центар „Маца Овчарова“ во Велес.
Посетата претставуваше значајна можност студентите непосредно да се запознаат со работата на стручните служби, образовниот процес и поддршката што им се обезбедува на учениците со различни образовни и развојни потреби. Преку директна комуникација и набљудување на практичната работа, студентите имаа можност да ги поврзат теоретските знаења со реалните предизвици и искуства од професионалната практика.
Ваквите активности се од особена важност за идните психолози, бидејќи придонесуваат кон развој на професионални компетенции, емпатија, инклузивна свест и разбирање на значењето на мултидисциплинарниот пристап во работата со деца и млади. Воедно, посетата претставува поттик за понатамошна соработка меѓу високото образование и образовните институции, со заедничка цел – создавање поквалитетна и поддржувачка средина за секое дете.














