
Повик за студенти од МСУ: Blended Intensive Programme „Developing projects under European programmes“ во Бугарија
11 март 2026Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на Мевлут Атабеј од Универзитетот „Муш Алпарслан“ од Република Турција, кој го посети универзитетот во рамки на програмата Еразмус+ за мобилност и обука на административен кадар, чија цел е размена на знаења, искуства и добри практики помеѓу високообразовните институции.
За време на посетата, гостинот се запозна со општото функционирање на административните и финансиските процеси на универзитетот, со посебен акцент на организацијата и практичната реализација на сметководствените активности. Во рамки на програмата беа одржани средби со вработени од универзитетот, при што се презентираше начинот на кој се организира и спроведува сметководствената работа.
Посетата претставуваше значајна можност за размена на искуства и зајакнување на меѓународната соработка во рамки на програмата Еразмус+. На крајот од мобилноста беше направена евалуација на реализираните активности, при што беше потврдена успешната реализација на програмата и позитивното искуство од соработката со Меѓународен Славјански Универзитет.




