
Младите и идентитетот во дигиталната ера: интерактивна работилница на Факултетот за психологија во Битола
9 март 2026
Повик за студенти од МСУ: Blended Intensive Program „Social Entrepreneurship from a Regional and International Perspective“ во Чешка
10 март 2026Меѓународен Славјански Универзитет беше дел од одбележувањето на значајниот јубилеј – 80 години од основањето на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, еден од најреномираните академски центри за економија и бизнис во регионот.
На свечената академија во Љубљана присуствуваа претставници на Меѓународен Славјански Универзитет: Михаела Ѓорчева, заменик претседател на управен одбор, Иван Спасев, член на управен одбор, и доц. д-р Мартин Ѓорѓиев, генерален секретар. Во рамки на настанот, тие остварија средби и разменија мислења со истакнати академски и економски лидери, меѓу кои проф. д-р Метка Текавчич, поранешна деканка на Економскиот факултет, како и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија.








Свечената академија беше збогатена со обраќања на високи државни и академски претставници, меѓу кои претседателката на Република Словенија, д-р Наташа Пирц Мусар, деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Томаж Турк, како и ректорот на Универзитетот во Љубљана, проф. д-р Грегор Мајдич. Како дел од програмата, а во чест на Меѓународниот ден на жената, беше организиран и инспиративен настан посветен на улогата на жените во бизнисот, нагласувајќи ја важноста на лидерството, инклузивноста и еднаквите можности во современото општество.
Со своето присуство на овој значаен јубилеј, Меѓународен Славјански Универзитет уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон градење и зајакнување на меѓународната академска соработка, како и кон активното учество во регионалните академски и економски иницијативи.
Меѓународен Славјански Универзитет упатува искрени честитки до Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана за осум децении посветена работа, академска извонредност и значаен придонес во развојот на економската наука и образованието.




