
МСУ дел од одбележувањето на 80 години од основањето на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана
10 март 2026Меѓународен Славјански Универзитет продолжува активно да создава нови можности за своите студенти преку меѓународни академски програми и партнерства. Во рамки на европските иницијативи за мобилност и академска соработка, се отвора можност за учество на студенти од МСУ во Blended Intensive Program (BIP) со темата „Social Entrepreneurship from a Regional and International Perspective“, која ќе се реализира во Оломоуц, Чешка.
За програмата студентите ќе добијат финансиски средства во согласност со правилата на Erasmus+ програмата. Со добиените средства студентите ќе можат да ги покријат трошоците за престојот на програмата.
Основни информации:
- Физичка мобилност: 20.04.2026 – 24.04.2026
- Виртуелна мобилност (онлајн предавања): 13.04.2026
- Локација: Универзитет „Палацки“ во Оломоуц, Чешка.
Колку учесници се потребни?
Потребни се вкупно 4 студенти.
До кога е пријавувањето?
Можете да се пријавите најдоцна до 17 март 2026 година. По пријавувањето ќе бидете контактирани од нашите служби за повеќе детали.
Критериуми
- Да сте редовен студент на Меѓународен Славјански Универзитет (прв циклус студии)
- Валиден пасош
- Солидно познавање на англиски јазик
Аплицирање
За пријавување, Ве молиме пополнете ја следнава апликација и ќе бидете контактирани од страна на нашиот тим. Селекцијата на кандидатите ќе биде во согласност на правилата на Erasmus+ програмата.
За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на erasmus@msu.edu.mk или на +389 70 308 557.
Напомена: Предност имаат студентите кои не се учествувале во Еразмус+ активности.




