
Меѓународен Славјански Универзитет потпиша договор за соработка со Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Северна Македонија
5 март 2026Денес во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет се одржа предавање од проф. д-р Станимир Садинов од Техничкиот универзитет Габрово, Бугарија. Проф. д-р Садинов престојуваше на универзитетот во рамки на програмата Еразмус+, преку активноста Мобилност на наставен кадар за одржување на настава, која овозможува размена на академски кадар и споделување на знаења меѓу високообразовни институции од различни земји.
Пред почетокот на предавањето, проф. д-р Станимир Садинов оствари средба со претседателот на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев. На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на академската соработка меѓу двете високообразовни институции, како и за значењето на меѓународната мобилност во унапредувањето на наставниот и научниот процес.


Предавањето беше прво од низата активности што се реализираат за време на неговата академска посета. На настанот присуствуваа студенти од Меѓународен Славјански Универзитет, кои покажаа голем интерес за темите што беа обработувани. Во текот на предавањето се одвиваше активна комуникација и дискусија, при што студентите имаа можност да поставуваат прашања и да разменуваат мислења со професорот.
Средбата се одвиваше во пријатна и конструктивна академска атмосфера, што овозможи продуктивна размена на искуства и идеи. Ваквите предавања претставуваат важен дел од процесот на интернационализација на наставата и придонесуваат за збогатување на академското искуство на студентите.
Меѓународен Славјански Универзитет континуирано ја развива меѓународната соработка со партнерски универзитети и активно учествува во програмите на Европската Унија, како што е Еразмус+, со цел унапредување на квалитетот на високото образование и поттикнување на академската мобилност.




