
Студиска посета на студентите од Меѓународен Славјански Универзитет во Централниот регистар на Република Северна Македонија
4 март 2026
Академска размена преку Еразмус+: Предавање на проф. д-р Станимир Садинов на Меѓународен Славјански Универзитет
5 март 2026На Меѓународен Славјански Универзитет се одржа работна средба со Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Северна Македонија. Средбата помина во конструктивна и пријатна атмосфера, со фокус на можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете институции.
Во рамки на средбата беше потпишан договор за соработка со кој се отвораат нови можности и поволности за членовите на синдикатот, особено во делот на пристапот до квалитетно високо образование и професионален развој.


Со ова партнерство, Меѓународен Славјански Универзитет уште еднаш ја потврди својата посветеност кон градење силни институционални врски со релевантни организации и поддршка на професионалците од различни сектори во нивниот образовен и кариерен напредок.
Потпишувањето на договорот претставува значаен чекор кон проширување на соработката со здравствениот и социјалниот сектор, како и создавање нови можности за едукација, развој и заеднички иницијативи во иднина.


