
Петтото кино на Киноверзум официјално започна со работа во Драчево
18 февруари 2026Меѓународен Славјански Универзитет е дел од годишната конференција на Меѓународната асоцијација за безбедна и етичка вештачка интелигенција (IASEAI), која се одржува во седиштето на УНЕСКО во Париз, настан што ги обединува најрелевантните академски и истражувачки институции во областа на вештачката интелигенција.
На конференцијата се презентираат околу 100 научни трудови од истражувачи и претставници на водечки универзитети како Универзитетот Стенфорд, Универзитетот во Кембриџ, Универзитетот во Оксфорд, Универзитетот во Мичиген и други врвни светски академски центри. Присуството на Меѓународен Славјански Универзитет во оваа високо-селектирана академска средина претставува значајно позиционирање во рамки на глобалниот дијалог за иднината на вештачката интелигенција.











Конференцијата беше отворена со обраќање на Генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани, додека клучното предавање го одржа Јошуа Бенџио, еден од најцитираните истражувачи во светот во областа на вештачката интелигенција. Во текот на дводневната програма, паралелните сесии ги претставуваат најновите научни достигнувања и истражувања што го обликуваат развојот на безбедна и етичка примена на вештачката интелигенција.
Меѓународен Славјански Универзитет на настанот беше претставуван од заменик претседателот на Управниот одбор, Михаела Ѓорчева. Со активно присуство во вакви стратешки и влијателни академски кругови, Меѓународен Славјански Универзитет ја потврдува својата посветеност кон следење и учество во процесите што ја дефинираат иднината на образованието, технологијата и општеството во глобални рамки.




