
Амбасадорот на Република Австрија во посета на МСУ во Свети Николе
14 февруари 2026Денес Меѓународниот Славјански Универзитет беше домаќин на значајни гости кои активно придонесуваат во развојот на системите за заштита, спасување и волонтерство на меѓународно ниво. Во посета на Универзитетот, беа Фадиме Озбеј, раководител на Одделот за образование во Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби во Анталија, Република Турција, Аки Мехмедов Кисјов, претставник на Националната асоцијација на доброволците во Република Бугарија, како и Дејан Спасевски, советник во Секторот за оперативна логистика при Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија. Посетата се реализира во рамки на проектот СТРО-ВОЛ – Зајакнување на волонтерскиот систем и капацитети.


Со поздравни обраќања на гостите им се обратија претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот Славјански Универзитет, проф. Јордан Ѓорчев, како и ректорот на Универзитетот, проф. Васко Стамевски. Оваа соработка е особено значајна бидејќи е тесно поврзана со активностите на Факултетот за технички науки и информатика, особено со студиските насоки Безбедност при работа и Безбедност од пожар, кои се насочени кон развој на професионални кадри во областа на заштитата, превенцијата и управувањето со ризици.


Средбата претставува важен чекор кон продлабочување на меѓународната соработка, а во наредниот период се очекуваат бројни заеднички активности, проекти и иницијативи кои ќе придонесат за унапредување на знаењето, практичните вештини и институционалните капацитети во областа на безбедноста и управувањето со кризни ситуации.





