
Петтото кино на Киноверзум официјално започна со работа во Драчево
18 февруари 2026
УНЕСКО, Париз: Меѓународен Славјански Универзитет со водечките светски универзитети на конференција за вештачка интелигенција
24 февруари 2026Меѓународен Славјански Универзитет е домаќин на двајца претставници од Универзитет Гелишим од Истанбул, Турција – Емине Озтурк Коџали и Каан Коџали, во рамките на програмата Еразмус+ мобилност на академски и административен кадар. Посетата се реализира како дел од стратешката определба на Универзитетот. Претставува значаен чекор во насока на продлабочување на меѓународната соработка и унапредување на институционалните капацитети преку размена на добри практики, знаења и искуства.
Посетата има за цел да поттикне академска и професионална соработка преку размена на искуства, знаења и добри практики меѓу претставниците на двете институции. Воедно, се отвораат можности за воспоставување нови форми на партнерство, развој на заеднички иницијативи и вклучување во европски образовни проекти кои се во согласност со стратегиските приоритети на Универзитетот.
Гостите од Турција се вклучуваат во активности кои опфаќаат состаноци со наставниот и административниот кадар, презентации и разговори за идни заеднички проекти и иницијативи. Преку оваа мобилност се отвараат нови можности за професионален развој, подобрување на наставната пракса и градење на партнерства со европски институции.
Меѓународен Славјански Универзитет, како дел од европската образовна мрежа, останува посветен на интернационализацијата, на поддршката на академската размена и на зацврстувањето на својата улога како современа, отворена и проактивна институција во регионот.



