
Успешно се одржаа Деновите на психологија во Киноверзум Штип
2 декември 2025Денес, во рамки на официјалната посета на Општина Свети Николе, амбасадорката на Народна Република Кина во Северна Македонија, Н.Е. Џјанг Шјиаојан, го посети Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе.
За време на посетата, се одржа краток работен состанок со раководството на универзитетот, на кој се разговараше за можности за идна академска и културна соработка, со акцент на продлабочување на веќе воспоставените односи.



Меѓународен Славјански Универзитет веќе неколку години има плодна соработка со институции од Кина во различни форми – од академски размени и заеднички проекти, до учество на конференции и културни иницијативи. Посетата на амбасадорката претставува важен чекор во насока на продлабочување на таа соработка и отворање нови перспективи за студентите и наставниот кадар.
Разговорите беа конструктивни и охрабрувачки, а посетата заврши со размена на симболични подароци и јасна определба за интензивирање на меѓусебната соработка во академската и културната област.




