
Докторанд од Еразмус+ мобилност во посета на Меѓународен Славјански Универзитет
2 декември 2025
Амбасадорката Џјанг Шјиаојан во посета на Меѓународен Славјански Универзитет – Свети Николе
2 декември 2025На 29 ноември 2025 година, во Киноверзум Штип се одржа настанот „Денови на психологија“, организиран од Меѓународен Славјански Универзитет. Настанот беше посветен на современата и сè поактуелна тема – интерсекцијата меѓу психологијата и вештачката интелигенција.
За настанот имаше значителен интерес од студенти, професори и пошироката академска и стручна јавност. Преку проекцијата на филмот „М3ГАН 2.0“ и последователната панел-дискусија, присутните имаа можност да ги продлабочат разбирањата за психолошките импликации од примената на вештачката интелигенција во секојдневниот живот и во човековата когнитивна и емоционална сфера.





Панелот вклучуваше стручни дискусии од следните говорници:
- Билјана Маноилова Филипова, професор по одделенска настава и психолог
- Нашиот професор д-р Маријан Стевановски, доктор по информатички системи и научен истражувач
- Катерина Дојчинова, магистер по развојна психологија
Нивните излагања отворија значајни прашања за иднината на човечката интеракција со интелигентни системи, но и за важноста од интердисциплинарен пристап во истражувањето на овие феномени.




Настаните од серијата „Денови на психологија“ продолжуваат во Велес, Скопје и Свети Николе. Следниот настан ќе се одржи во Велес на 12 декември 2025 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Киноверзум Велес. Програмата ќе донесе нови теми, предавачи и интерактивни содржини, со цел дополнително продлабочување на дискусиите поврзани со менталното здравје, технологијата и современото општество. Пријавувањето е отворено преку следниот линк.





