
Претставници на МСУ во Индија: Михаела Ѓорчева и Иван Спасев учествуваа на 30. Самит за партнерства во Вишакапатнам
20 ноември 2025Меѓународен Славјански Универзитет постигна значаен спортски успех, освојувајќи прво место во Универзитетската лига во ракомет. Овој резултат претставува потврда дека трудот, дисциплината и тимската игра се темел на нашата универзитетска култура. Спортот сѐ повеќе се вградува како суштински дел од студентскиот живот, а овие достигнувања се резултат на заедничка посветеност и мотивирана студентска заедница.
Машката ракометна екипа го освои првото место во универзитетската лига, со доминантна игра и неверојатна посветеност. Нашите момци покажаа сила, стратегија и заедништво, и заслужено се искачија на врвот.

Второто место го освои женската ракометна екипа, која настапи со борбеност, енергија и тимски дух. Овој резултат е доказ за квалитетот на младите спортистки кои со голема посветеност го претставуваат нашиот Универзитет.
Дополнителен повод за гордост се и трите медали од поединечното првенство во куглање. Андреа Вељаноска, Стефанија Алексовска и Дарко Јовановски постигнаа извонредни индивидуални резултати и на убав начин го заокружија спортскиот успех на МСУ оваа сезона.
Им честитаме на сите учесници и им благодариме што со својот пример го инспирираат целиот универзитет. Продолжуваме да го поддржуваме студентскиот спорт и следната академска година ќе вложиме уште повеќе во развојот на спортскиот дух, натпреварувањето и заедништвото што не обединува.





