
Презентација за новиот Форензички и кибернетички центар на МСУ во Свети Николе
6 ноември 2025Меѓународен Славјански Универзитет им нуди можност на своите студенти да се приклучат на Blended Intensive Programme (BIP) на тема „Local Administration: Tradition Modernity and Justice“, што ќе се одржи во Алба Јулија, Романија.
За програмата студентите ќе добијат финансиски средства во согласност со правилата на Erasmus+ програмата. Со добиените средства студентите ќе можат да ги покријат трошоците за престојот на програмата.
Основни информации:
- Физичка мобилност: 24.11.2025 – 28.11.2025
- Виртуелна мобилност (онлајн предавања): 11.12.2025, 16.12.2025
- Локација: Универзитет „1 Декември 1918“ во Алба Јулија, Романија.
Колку учесници се потребни?
Потребни се вкупно 4 студенти.
До кога е пријавувањето?
Можете да се пријавите најдоцна до 10 ноември 2025 година. По пријавувањето ќе бидете контактирани од нашите служби за повеќе детали.
Критериуми
- Да сте редовен студент на Меѓународен Славјански Универзитет
- Валиден пасош
- Солидно познавање на англиски јазик
Аплицирање
За пријавување, Ве молиме пополнете ја следнава апликација и ќе бидете контактирани од страна на нашиот тим. Селекцијата на кандидатите ќе биде во согласност на правилата на Erasmus+ програмата.
За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на erasmus@msu.edu.mk или на +389 70 308 557.
Напомена: Предност имаат студентите кои не се учествувале во Еразмус+ активности.




