Во текот на август и септември 2025 година, благодарение на поддршката од Меѓународен Славјански Универзитет, сите љубители на филмот ќе имаат можност да уживаат во проекции по студентски цени, без разлика на возраста. Секоја нова недела започнува со специјална понуда – студентски цени за сите билети, за сите филмови и за сите посетители, секој понеделник.
Акцијата важи во сите сали на Киноверзум во Штип, Велес и Кисела Вода, како и за билети купени онлајн преку официјалната платформа: https://tickets.kinoverzum.mk.
Цената на билетите изнесува 170 денари во Штип и Велес (намалени од редовните 200 денари), а во Кисела Вода 200 денари (наместо 230 денари).
Целта на оваа иницијатива е да се поддржи културниот живот и да се поттикне позитивна енергија во стартот на секоја работна недела. Дополнително, доколку во текот на август бидат надминати 2.000 продадени билети по студентска цена, акцијата ќе продолжи до крајот на годината.
Меѓународен Славјански Универзитет ја продолжува својата мисија на поддршка на младите, културата и локалните заедници, поттикнувајќи ги граѓаните активно да се вклучат во настани кои создаваат вредност и заеднички развој.