Во периодот од 14 до 20 јули 2025 година, Меѓународен Славјански Универзитет имаше чест да ги пречека претставничките Ајсу Нур Кочак, Бушра Четин, Сибел Озташ и Елиф Туче Даг од Универзитетот Окан од Истанбул, кои престојуваа во рамките на програмата Еразмус+ за обука на административен кадар.
Во рамки на посетата на кампусот во Свети Николе, тие остварија средба со проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор при Меѓународен Славјански Универзитет, како и со вработените од Канцеларијата за меѓународни односи. Средбата помина во пријатна атмосфера на размена на искуства и идеи за идни форми на соработка.
Оваа посета претставуваше значајна можност за унапредување на соработката меѓу двете институции, размена на добри практики и зајакнување на процесите на интернационализација во високото образование. Гостите имаа можност одблизу да се запознаат со административното и академското работење на нашиот универзитет.
Меѓународен Славјански Универзитет и Универзитетот Окан од Истанбул продолжуваат да го градат своето партнерство со јасна визија – создавање современо, отворено и интеркултурно образовно опкружување за студентите и кадарот.
Со нетрпение очекуваме нови заеднички иницијативи и успешни приказни во иднина.