Михаела Ѓорчева, основач на Киноверзум и заменик претседател на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, ќе биде еден од говорниците на престижниот настан #WINLounge, организиран од Women Inspiring Network. Настанот ќе се одржи за време на Cannes Lions International Festival of Creativity 2025 во хотел Мартинез во Кан, Франција.
На 18 јуни, Михаела Ѓорчева ќе учествува на панел-дискусијата посветена на создавање маркетинг кампањи што воспоставуваат вистински конекции со публиката, генерираат резултати и постигнуваат долгорочен ефект.
Cannes Lions International Festival of Creativity претставува еден од водечките светски фестивали посветени на креативноста, маркетингот, медиумите и комуникациите. Настанот секоја година обединува професионалци од целиот свет со цел споделување најнови трендови, практики и иновативни идеи од областа.
Во рамките на дискусијата, таа ќе ги сподели своите искуства и практики стекнати преку работата во Меѓународен Славјански Универзитет и Киноверзум.