Студенти од Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет учествуваа на еднодневниот едукативен семинар на тема „Парламентот како основна институција на парламентарното право“. Семинарот беше организиран од Парламентарниот институт и беше посветен на продлабочување на знаењата за функционирањето на парламентот и обезбедување платформа за меѓуинституционална академска соработка.
Од Меѓународен Славјански Универзитет присуствуваа проф. д- р Јагода Митревска, д-р Мартин Ѓорѓиев и м-р Филип Тасковски.
Освен студенти од МСУ, на семинарот учествуваа и студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ. Програмата вклучуваше детални предавања за составот, структурата и функционирањето на парламентот, правната положба и одговорностите на пратениците, надлежностите на Собранието, историјата и развојот на македонскиот парламентаризам.
На семинарот присуствуваа пратениците Јована Мојсоска и Игор Здравковски кои преку интерактивни сесии со студентите им овозможија директен увид во предизвиците на пратеничката функција и работата на Собранието.