Меѓународен Славјански Универзитет започна со серија презентации на своите студиски програми пред матурантите од средните училишта низ целата држава, почнувајќи од Велес на 19. март 2024 година. Овие презентации претставуваат клучен момент универзитетот да ги запознае матурантите и нивните размислувања за процесот на студирање, а истовремено и да ги прикаже своите студиски програми, да сподели искуства од студентскиот живот и широкиот спектар на студиски програми и можности за финансиска поддршка кои се достапни за идните студенти.
Во Велес беа посетени три средни училишта – ОСУ „Јовче Тесличков“, ССОУ „Димитрија Чуповски“ и СОУ„Гимназија Кочо Рацин“. Преку презентациите МСУ ги информира матурантите за можностите кои им се достапни и истовремено создава персонализиран пристап за сите потенцијални студенти, нудејќи им шанса да се запознаат со студентскиот живот кој универзитетот го нуди. Оваа наша (веќе традиционална) иницијатива е особено значајна годинава, поради тоа што славиме 20 години од основањето на универзитетот. Како и секоја година, планот е да се посетат сите градови во Република Северна Македонија, промовирајќи ги можностите што ги нуди МСУ.
Покрај основните информации за студирањето, студентите беа запознаени со разновидните активности кои ги организираат нашите студенти, дополнително збогатувајќи го студентскиот живот и создавајќи заедница која поддржува академски и личен развој.