
Потпишан меморандум за соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа
12 март 2024
Потпишан Меморандум за соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип
13 март 2024Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет и Центарот за кариера, во еден значаен и иновативен чекор напред, започнаа со потпишување на нови меморандуми за соработка и истовремено со обновување на веќе постоечките со различни компании. Оваа стратешка одлука е насочена кон олеснување на интеграцијата на студентите во практичниот аспект на нивното образование во текот на студиите.
Потписници се Софија Радончиќ, претседател на Здружението на студенти, и Мартин Ѓорѓиев, раководител на Центарот за кариера при универзитетот и Лидија Симонова Трајчева, нотар Заедничкото потпишување на договорите сведочи за посветеноста кон создавање на практични програми кои ги подготвуваат студентите за реалните предизвици на работното место.
Практичната настава вклучува реални предизвици и ситуации, овозможувајќи на студентите да го искористат своето теоретското знаење на практични ситуации. Ова искуство на учење може да го задлабочи нивното разбирање на темата и подобро да ги подготви за идните кариери.
Здружените активности на Здружението на студенти и Центарот за кариера при Меѓународен Славјански Универзитет не само што ги подобруваат условите за учење и развој на студентите, туку и придонесуваат кон нивното претворање во конкурентни и подготвени професионалци, способни да се соочат со предизвиците на модерниот свет.
Погледнете ја листата на досега потпишаните/обновените договори.




