
Потпишан меморандум за соработка со ОУК Дом на млади, Штип
12 март 2024
Потпишан меморандум за соработка со нотар Лидија Симонова Трајчева
13 март 2024Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет и Центарот за кариера, во еден значаен и иновативен чекор напред, започнаа со потпишување на нови меморандуми за соработка и истовремено со обновување на веќе постоечките со различни компании. Оваа стратешка одлука е насочена кон олеснување на интеграцијата на студентите во практичниот аспект на нивното образование во текот на студиите.
Потписници се Софија Радончиќ, претседател на Здружението на студенти, и Мартин Ѓорѓиев, раководител на Центарот за кариера при универзитетот и Виктор Горгиевски, ВД директор на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа. Заедничкото потпишување на договорите сведочи за посветеноста кон создавање на практични програми кои ги подготвуваат студентите за реалните предизвици на работното место.
Оваа соработка може да обезбеди можност за размена на знаења и развој на вештини за двете институции. Да ги подготвува студентите да станат професионалци и експерти во нивната област, обезбедувајќи вредни можностии за вмрежување. Овие контакти можат да доведат до стажирања, работни можностии, менторства и соработки кои го зголемуваат професионалното развивање и кариерните перспективи на студентите.
Здружените активности на Здружението на студенти и Центарот за кариера при Меѓународен Славјански Универзитет не само што ги подобруваат условите за учење и развој на студентите, туку и придонесуваат кон нивното претворање во конкурентни и подготвени професионалци, способни да се соочат со предизвиците на модерниот свет.
Погледнете ја листата на досега потпишаните/обновените договори.




