Студентите од Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ уште еднаш ќе ја имаат можноста да бидат дел од работилница на англиски јазик од проф. д-р Џејмс Вилис за Peer Counseling, која ќе биде во два дела.
Првиот дел ќе се одржи на 8 окт. 2014 година од 17:00 часот а вториот дел на 15 окт. 2014 година од 17:00 часот, во просториите на Американското катче во Штип (кое се наоѓа во Народна универзитетска библиотека Штип).
Сите учесници ќе добијат сертификат. Бројот на учесници е ограничен.
За апликација е потребно СV и Мотивационо писмо, најдоцна до 6 окт. 2014 година.
За повеќе информации можете да се обратите на следната е-пошта: acshtip@gmail.com или +389 32 61 40 40