Денес, на Меѓународниот ден на жената, ги славиме неверојатните достигнувања на жените ширум светот и го почитуваме нивниот придонес во општеството.
Среќни сме што можеме да објавиме дека претставници од Меѓународен Славјански Универзитет присуствуваат на Forbes 30/50 Самитот во Абу Даби, каде што млади претприемачи и искусни лидери се заедно за да ги споделат своите знаења. На настанот денес ќе се обратат жени лидери помеѓу кои се и Хилари Клинтон, првата дама на Украина Олена Зеленска, добитничката на Нобелова награда за мир Малала Јусафзаи, актерката и претприемач Џесика Алба, Нејзиното Височество принцезата Ламија Бинт Мајед Сауд Ал Сауд од Саудиска Арабија, актерката Кетрин О’Хара…
Да продолжиме да ги поддржуваме жените и да работиме за создавање поинклузивен свет кој нуди еднакви можности за сите.