Проф. д-р Димитар Димитров, проректор за Меѓународни односи, доц. д-р Владимир Владов, продекан на Факултетот за современи јазици при Великотрновскиот Универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“, Бугарија и проф. д-р Христо Бонџолов, ректор на Великотрновскиот Универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“, Бугарија деновиве се во посета на МСУ во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за административен кадар.
Во рамки на денешната посета на универзитетот (6 јуни 2022) остварија средба со претседателот на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев и м-р Милена Спасовска, асистент на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет.
Воедно на работната средба се разговараше за воведување на курсеви на кинески јазик со можност да прераснат во академски студии.