На 06 мај 2022 година (петок), проф. д-р Самоил Малчески – професор при Меѓународен Славјански Универзитет беше дел од 16. Образовно рандеву на Младинската организација на средни училишта на Македонија (МАССУМ) во ССОУ „Димитрија Чуповски”, Велес.
Проф. д-р Самоил Малчески беше дел од оваа организација како член во жири-комисијата во категоријата Маркетинг план.
Учество земаа над 50 средни училишта ширум земјата, се натпреваруваа во 17 категории поделени во три области со 2500 директни учесници.