На 11 Конгрес на Советот на Европски Полициски Синдикати нашиот професор д-р Марјан Кицев со консензус беше избран за Заменик на Генералниот секретар на Советот на Европски Полициски Синдикати. Во Советот на Европски Полициски Синдикати (CESP) членуваат повеќе од 300.000 полициски службеници од 15 земји во Европа.
Конгресот на Советот на Европски Полициски Синдикати се одржа на 4 и 5 мај 2022 година во Хераклион – Крит, Грција.
Доц. д-р Марјан Кицев предава група предмети на Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет.