Потпишан договор за соработка со Колеџ за меѓународен менаџмент „Глобус“
5 јануари 2022Бесплатни обуки на теми по ваш избор
14 јануари 2022Научниот Институт за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе започнува со одржување на бесплатен курс по руски јазик. Курсот ќе го води м-р Зоран Панов.
Општи информации за курсот
Предвидено е да се одржат вкупно 50 часа. Часовите ќе се одржуваат двапати неделно по 2 часа, вкупно 4 часа на неделно ниво. Еден час трае 45 минути.
Предавањата ќе се реализираат секоја среда и петок со почеток од 10:00 часот.
Првото предавање ќе се одржи на 16.02.2022 (среда).
Предавањата ќе се одвиваат преку платформата ZOOM, а се наменети за лица над 14 години. Линкот за предавањата ќе Ви биде испратен после пријавувањето.
На крајот од курсот, слушателите ќе полагаат тест и оние кои ќе го положат тестот ќе добијат сертификат издаден од Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Како да се пријавите?
За да се пријавите, Ве молиме пополнете ја следнава апликација: