Во пресрет на шестото издание на Меѓународниот филозофски дијалог „Исток – запад“, кој е во организација на МАНУ, МСУ „Гаврило Романович Державин“, Филозофското друштво на Македонија и Филозофскиот факултет при УКИМ се навраќаме на претходните изданија на дијалогот.
Првиот Меѓународниот филозофски дијалог „Исток – запад“ на тема „Наука и религија“ се одржа од 2-ри до 4-ти септември 2015 година. Работните сесии се одржаа во три градовиː Скопје, Свети Николе и Охрид. На собирот учествуваа 13учесници од 5 земји. Од Велика Британија учесници беа Николас Вагхорн, Миколај Славковски-Роде, Самуел Хјуз и Ралф Стефан Вир, од Русија учесници беа Игор Иванович Евлампиев и Татјана Сергеевна Пронина, од Хрватска Марија Селак, додека од соседна Србија учествуваше Јанко Нешиќ. Домашни учесници беаː Љубомир Цуцуловски, Ана Димишковска, Трајче Стојанов, Ристо Солунчев и Марија Тодоровска.
Темата на второто издание на овој собир беше „Правото меѓу политиката и етиката“.На собирот учествуваа 9 учесници од 4 земји. Од Полска гостуваше Томаш Бекрихт, од Бугарија учество зеде Стилијан Јотов, Од Србија Јасминка Хасанбеговиќ, додека домашни учесници беа Владо Камбовски, Светомир Шкариќ, Димитар Апасиев, Трајче Стојанов, Ана Димишковска и Љубомир Гајдов. Скопје, Битола и Охрид беа градовите каде се одржа програмата во интервал од петти до седми октомври 2016 година.
На третиот Меѓународниот филозофски дијалог „Исток – запад“ на тема „Филозофија на образование и филозофија во образование“ учествуваа 10 учесници од 4 земји. Од Франција учесник беше Патриција Вердо, од Русија Андреј Лазарев, од Србија Часлав Д. Копривица и од Македонија Георги Старделов, Владо Камбовски, Драгор Заревски, Љубомир Гајдов, Мартин Поповски, Ристо Солунчев и Трајче Стојанов. Работните сесии се одржаа во Скопје, Битола и Охрид од 4 – ти до 6 – ти октомври 2017 година.
Четвртиот Меѓународниот филозофски дијалог „Исток – запад“ беше најмасовен до сега. Вкупно учествуваа 20 учесници од 7 земји. Учесници беаː Мајкл Џорџ од Канада, Јана Чернова од Русија, Костас Теологу и Евангелос Д. Протопападакис, Бардил Чипи од Албанија, Ивица Келам, Амир Музур, Ива Ринчиќ и Дарија Рупчиќ Келам од Хрватска, Зоран Тодоровиќ и Жељко Калуѓеровиќ од Србија, Георги Старделов, Владо Камбовски, Марија Тодоровска, Љубомир Гајдов, Дејан Донев, Александра Деановска – Трендафилова, Елена Игновска, Денко Скаловски и Трајче Стојанов од Македонија. Темата на овој собир беше „Биоетиката на крстопат“, а се одржа од трети до петти октомври 2018 година во Скопје, Битола и Охрид.
Петтото издание на дијалогот се одржа од втори до четврти октомври 2019 година во истите градови како и во претходните три изданијаː Скопје, Битола и Охрид. Темата беше насловена „Кризата на идејата за Европа,а учество зедоа 12 учесници од 5 земји. Учесници беаː Јозеф Нижник од Полска, Евангелос Д. Протопападакис и Георгиос Илиопулос од Грција, Драган Проле од Србија и Дарко Џого од Босна и Хецеговина, Георги Старделов, Иван Џепароски, Бошко Караџов, Ристо Солунчев, Милан Ѓорѓевиќ, Дејан Донев и Љубомир Гајдов од Македонија.