По повод Денот на победата над фашизмот, 9-ти мај, нашиот партнерски универзитет, Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Тамбов, Русија ја организираше манифестацијата Бесмртен полк.
Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ се придружи на иницијативата на Тамбовскиот универзитет и учествуваше во виртуелната манифестација. Претходните години манифестацијата Бесмртен полк се организираше во Битола, но годинава поради пандемијата настанот се одржува виртуелно.