Во рамки на потпишаниот договор за соработка со Yeni Yaşam Okulu од Истанбул, Турција, продолжуваме со организацијата на заеднички онлајн работилници. Планирано е во овој циклус да се одржат повеќе од 3о работилници на теми од повеќе области, но претежно од областа на психологијата.
Работилниците се одржуваат на турски јазик, а учество земаат учесници од Република Турција. На денешната работилница предавач беше и професорката д-р Вангелица Гаврилова, од Факултетот за психологија при МСУ.
На работилницата насловена „Машка и женска енергија“ која започна на 9-ти март 2021, од 19:00 часот, д-р Вангелица Гаврилова се обрати пред учесниците на турски јазик и сподели нејзини совети и пораки во врска со темата.