Денес со почеток од 13:00 часот се одржа првата виртуелна изложба организирана од Институтот за култура и уметност при МСУ на која беа „изложени“ пристигнати дела од есенскиот конкурс.
Изложбата се одржа преку апликацијата Zoom и учесниците може да ги видат нивните дела изложени во виртуелна галерија. На изложбата можеа да се вклучат сите учесници кои имаа испратено дело на конкурсот. За сите што не можеа да ја следат изложбата преку Zoom, го споделуваме видеото со сите 849 пристигнати дела.
Конкурсот беше спроведен преку Фејсбук и Инстаграм профилите Институт за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет. На виртуелната изложба беа прикажани сите пристигнати дела од конкурсот. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 15-ти декември на веб страницата на МСУ.
Изложбата ја отвори директорката на Институтот за култура и уметност при МСУ, проф. д-р Соња Ризоска Јовановска.