Новогодишен ликовен и фото конкурс со изложба на најубавите новогодишни елки
„Новогодишниот ликовен и фото конкурс“ е ликовен и фото конкурс кој е отворен за сите генерации. Конкурсот ќе биде организиран преку Фејсбук и Инстаграм профилите на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Сите пристигнати дела ќе учествуваат на Изложбата на најубавите новогодишни елки на МСУ која ќе се одржи на 30-ти декември 2020. Изложбата ќе биде физичка и виртуелна. За да присуствувате на виртуелната изложба потребно е да се регистрирате на следниов линк. Максималниот број на учесници е илјада.
Услови за учество
Конкурсот се спроведува преку Фејсбук и Инстаграм профилите на Институтот за култура при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Делата кои се изработуваат треба да содржат новогодишна елка или да бидат измоделирани во форма на новогодишна елка.
Учесниците можат да учествуваат со фотографии, колажи од фотографии или трудови направени на секој вид хартија, картон и сл, и во било која техника (акварел, гваш, боички, пастел итн.). Исто така, дозволено е учество и на моделирани фигури.
Секој учесник може да учествува на конкурсот со едно дело.
Дозволено е учество на сите генерации.
Дела кои веќе учествувале на други конкурси не се дозволени.
Делата треба да бидат со добар квалитет и висока резолуција.
Сите пристигнати дела ќе учествуваат на изложбата на најубавите новогодишни елки на МСУ која ќе се одржи на 30-ти декември 2020 со почеток од 16:00 часот. Изложбата ќе биде физичка и виртуелна.
Како да учествувате
Учесниците ги испраќаат нивните дела како фотографии на konkurs@kultura.msu.edu.mk заедно со име и презиме на авторот, возраст, адреса на живеење, населено место и телефонски број.
Потоа, ние ги објавуваме делата на Инстаграм и Фејсбук профилите на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет.
Критериуми
Жирито ќе ги оценува делата според следните критериуми:
соодветност на темата – 50%
техника на реализирање на делото – 20%
оригинална идеја и креативност – 30%
За оценување на делата ќе се формира стручно жири кое ќе прогласи тројца победници.
Жирито го задржува правото да дисквалификува дела за кои смета дека се неоригинални или плагијати.
Награди
Ќе бидат селектирани тројца победници кои ќе добијат:
1 место – златна плакета + таблет
2 место – сребрена плакета + комплет за сликање со платно
3 место – плакета + комплет за сликање
Времетраење
Конкурсот започнува на 29 ноември и трае до 27-ми декември. Изложбата и објавување на резултатите ќе се одржи на 30 декември од 16:00 часот.